Борел: ЕУ ќе и помага на Украина до победа
- Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови.
Брисел, 10 февруари 2023 (МИА) – Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови.
- Русија ги напаѓа Киев, Харков, Запорожје, Лавов и други украински градови, а го наруши и воздушниот простор на Молдавија. Бомбардирањето цивилни цели е воено злосторство и нема да остане неказнето. ЕУ ќе и помогне на Украина да се одбрани додека не победи. Ние стоиме со Украина, напиша Борел на Твитер. јт/