• недела, 04 август 2024

Божиновска-Бомгартнер: Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката

Божиновска-Бомгартнер: Отворена врата за француските компании за инвестирање во енергетиката

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Искуствата на Франција, како една од водечките држави во Европската Унија, во делот на енергетиката, декарбонизацијата и зелената транзиција може да бидат мошне значајни за државава, беше заклучокот од денешната средба на министерката за енергетика Сања Божиновска со францускиот амбасадор во Северна Македонија Сирил Бомгартнер.

Како што стои во соопштението, договорена е поинтензивна соработка и размена на мислења и искуства со француските експерти во делот на енергетиката.

Божиновска ја истакнала отвореноста за француски инвестиции во секторот енергетика, имајќи го предвид присуството на француски компании во Западен Балкан.

За време на средбата, покрај останатото, биле покренати прашања од аспект на билеталарните економски односи меѓу двете држави и притоа, заеднички била констатирана подготвеноста да се пристапи кон посуштински разговори со цел конкретизирање на соработката во периодот што претстои. нд/вг/

Фото: Министерство за енергетика

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан