• недела, 22 декември 2024

Богоев: Далеку од реалноста е да се очекува ДПМНЕ да има мнозинство

Богоев: Далеку од реалноста е да се очекува ДПМНЕ да има мнозинство

Скопје, 22 декември 2023

Се формира еден европски блок, којшто споделува европски вредности, блок којшто смета дека местото на Македонија е во Европската унија. 

Од друга страна се формира еден антиевропски блок, којшто своевремено беше антиНАТО блок, сега е антиЕУ блок, формиран пред се од ДПМНЕ и од Левица, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Трилинг“.

Богоев нагласи дека СДСМ не креира поделби, туку повторно како во времето на режимот на Груевски, сега ДПМНЕ повторно прави поделба.

Го слушнавте Мицкоски пред некој ден, што кажува јавно, вели „не уште 10 години, ако треба уште 100 години“ нема на бидеме членка на ЕУ. Со такви изјави, одговрен политичар, прво нема да ги даде, а ако ги даде лидер на опозиција, којшто треба да е одговорен политичар, а не е одговорен политичар, тој автоматски се става во кошот во антиевропскиот блок. Тој вели не ме интересира мене, што треба, како треба, да се изгласаат уставни амандмани и слично, ако треба и 100 години нема да бидеме членка на ЕУ, рече Богоев.

Богоев нагласи дека СДСМ смета дека веднаш, сега треба да се направат последните уставни чекори, за да земјата ги отвори поглавјата и забрзано го трасира патот кон ЕУ со крајна цел полноправно членство, дури и пред 2030 година.

Далеку од нормалност и од реалност е да се очекува ДПМНЕ да има мнозинство, запишете каде сакате, тие филмови, коишто ги презентираат на нивното членство за 61 пратеник, тоа не да не е блиску, тоа е светлосни години далеку од реалноста, истакна Богоев, додавајќи дека големо мнозинство на граѓани на анкетите, низ годините па и сега се за членство на Македонија во ЕУ и СДСМ од таму ја црпи сигурноста дека проевропскиот блок предводен од СДСМ ќе оствари победа и ќе ја формира следната, повторно проевропска, влада по наредните избори.

Луѓето знаат и не сакаат да одат во изолација каква што ја нудат Мицкоски и Апасиев, ДПМНЕ и Левица. Тој филм го гледавме 11 години. Филм на тепање студенти, загушени новинари, поклопено судство и обвинителство, изолација, не разговаравме со Србите, не разговаравме со Грците, не разговаравме со Бугарите, не разговаравме со Албанците, рече Богоев.

Потпретседателот Богоев нагласи дека сега Србите ни ја признаа црквата, со Грците си помагаме, ни го штитат небото, преку НАТО, со Албанија и Косово имаме историски најдобри односи, сега сакаат ВМРО во Бугарија и ВМРО во Македонија да не скараат и со Бугарите. Нема да успее и тоа и конечно ќе имаме одлични односи со сите соседи.

СДСМ ќе освои доволно пратеници за да ја предводи идната влада и Димитар Ковачевски да биде повторно премиер и СДСМ во каква форма и да биде со Коалцијата ќе освои доволно гласови за каднидатот, предложен од СДСМ, поддржан од проевропската коалиција да биде претседател на државата, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за „Трилинг“. 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ФОТО: СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан