• понеделник, 25 ноември 2024

Блинкен: Хамас веќе неколку недели не учествува во преговори за прекин на огнот

Блинкен: Хамас веќе неколку недели не учествува во преговори за прекин на огнот

Вашингтон, 25 септември 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Хамас не учествувал во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците последниве неколку недели, додека повторно посочи дека останале многу малку прашања за решавање во потенцијалниот договор.

- Имаме документ – договор. Има 18 параграфи — 15 од нив се договорени помеѓу Хамас и Израел, изјави Блинкен за емисијата „Today“ на Ен-Би-Си.

- Но, она што се случува во последниве неколку недели е дека Хамас едноставно не е на маса, не сака да учествува во решавање на останатите нерешени прашања, кои ако ги затвориме, ќе го затвориме договорот и ќе го склучиме, појасни Блинкен.

Главниот американски дипломат напомена дека „и Израел ќе треба да донесе тешки одлуки во последните фази, така што треба да се погледне и тоа.“

Си-Ен-Ен денеска објави дека високите американски претставници главно престанале да вршат притисок за преговори за прекин на огнот, откако процениле дека моментално нема политичка волја ни од Хамас, ни од Израел да стават крај на конфликтот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан