• недела, 22 декември 2024

Блинкен: Смртта на ал Кураиши е значаен удар за ИД за нејзин конечен пораз

Блинкен: Смртта на ал Кураиши е значаен удар за ИД за нејзин конечен пораз
Вашингтон, 3 февруари 2022 (МИА) - Успешната операција изведена синоќа во северозападна Сирија кога лидерот на Исламска држава Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши се саморазнесе, е благодарение на храброста на нашите војници и професионалци кои ги извршуваа наредбите на претседателот Џо Бајден, соопшти денеска Стејт департментот.  Во соопштението се наведува дека мисијата е да не им се даде контрола на терористите во Ирак и Сирија, да се одговори на комуникацијата и финансиите на ИД и да се стабилизираат областите кои биле ослободени од ИД, за да се спречи повторна појава на групата. - Ова е значајна победа на силите на коалицијата за пораз на ИД, во борбата да се запре и расформира групата, изјави државниот секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека САД презеле вонредни мерки на грижа за заштита на цивили и спречување жртви кои не учествуваат во борбите. - Но ИД повторно си го откри лицето со рамнодушноста кон човечкиот живот, вклучувајќи жени и деца, откако ал Кураиши одбра да детонира бомба усмртувајќи го сопственото семејство, истакна Блинкен. Американскиот државен секретар посочи борбата продолжува и дека „смртта на ал Кураиши е значаен удар за ИД, а целта на коалицијата е конечен пораз на ИД“. Кураиши го презеде кормилото на ИД во 2019 година. Познат е по бруталното исполнување на злобната идеологија на ИД и управувал со насилната кампања на потчинување и репресија на наводни непријатели, вклучувајќи ги Јазидите, верско малцинство во Ирак. Тој ги координирал и глобалните операции во Ирак. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан