• недела, 22 декември 2024

Блинкен: Силен пакет помош за Украина ќе биде претставен на Самитот на НАТО

Блинкен: Силен пакет помош за Украина ќе биде претставен на Самитот на НАТО

Вашингтон, 9 јули 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на денешната средба со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба во Вашингтон изјави дека самитот на НАТО во Вашингтон дополнително ќе ги зајакне врските на Украина со Алијансата и ќе претстави силен пакет помош за Украина.

Тој рече дека самитот на НАТО дополнително ќе ги зајакне врските на Украина со Алијансата и нејзиниот пат кон членство.

- Направивме многу работа во последните недели и месеци и мислам дека ќе видите многу силен пакет за Украина од овој самит. Општо земено, тесно работевме за да се осигураме дека како работите се движат напред, Украина го има она што треба да застане на нозе, воено, економски, демократски и ние сме на многу добар пат кон тоа, изјави Блинкен, пренесува Интерфакс Украина.

Тој повтори дека успехот на Украина како силна, независна, успешна земја е најдобриот одговор на агресијата што рускиот претседател Владимир Путин и Руската Федерација продолжуваат да ја вршат против Украина.

Блинкен увери дека продолжува посветеноста на САД и десетици земји ширум светот да и помогнат на Украина, како и посветеноста на успехот на Украина како силна земја, што, како што рече, „многу конкретно ќе се покаже во следните неколку дена на самитот на НАТО“. јт/

Фото: Х

Остани поврзан