• недела, 22 декември 2024

Блинкен разговараше со Илхам Алиев за унапредување на мировниот процес со Ерменија

Блинкен разговараше со Илхам Алиев за унапредување на мировниот процес со Ерменија

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев за важноста од унапредување на мировниот процес со соседна Ерменија, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Официјален Ереван доживеа голем пораз минатиот септември кога азербејџанските сили повторно го освоија регионот Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Други детали за средбата засега не се објавени. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан