• недела, 22 декември 2024

Блинкен разговараше со Алиев за прашањето за Нагорно-Карабах

Блинкен разговараше со Алиев за прашањето за Нагорно-Карабах

Вашингтон, 26 септември 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно разговарал со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев за Нагорно Карабах, пренесоа светските агенции.

Алиев му рекол на Блинкен дека нема да има дополнителни воени дејствија, а Вашингтон нагласи дека очекува тој да се држи до тоа.

Блинкен му кажал на Алиев дека е неопходно да нема повеќе воени дејствија и ја нагласил итната потреба да се обезбеди безусловна заштита и слобода на движење на цивилите и да се обезбеди непречен хуманитарен пристап до Нагорно Карабах, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во исто време, советникот на Алиев за надворешни работи денеска изјави дека Азербејџан нема намера да преземе воена акција за создавање копнен коридор кон јужна Ерменија, пренесоа британските медиуми. мс/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан