• петок, 05 декември 2025

Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк

Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк

Битола, 8 август 2025 (МИА) - Пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Битола спасија заглавено лице на дрво во Градски парк.

Од ТППЕ-Битола информираа дека интервенирале со едно возило и четворица пожарникари откако синоќа добиле дојава за непријатната случка со заглавено лице на дрво  во битолскиот Градски парк.

Екипа на ТППЕ-Битола интервенираше и изгасна запалено возило на патот за локалното населено место  Братиндол.

-Во гаснењето на запаленото возило беа вклучени едно пожарникарско возило и три пожарникари, потврдија од ТППЕ- Битола. мт/мд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан