Битола ќе постави фотоволтаици на три основни училишта
- Од секторот за односи со јавност соопштија дека фотоволтаици ќе добијат општинските училишта „Св. Климент Охридски“, ОУ „Даме Груев“ и ОУ „Гоце Делчев“.
Битола, 17 декември 2025 (МИА) - Општина Битола наскоро ќе постави фолтаици на три основни училишта, од нив две се со донација на Фондацијата Отворено Општество, а едно училиште ќе добие фотоволтаици со средства од буџетот на локалната самоуправа.
Од секторот за односи со јавност соопштија дека фотоволтаици ќе добијат општинските училишта „Св. Климент Охридски“, ОУ „Даме Груев“ и ОУ „Гоце Делчев“.
Претходно фотоволтаици беа поставени во шест основни училишта, потврдија од Општина Битола. мт/дма/
Фото: МИА