• петок, 17 мај 2024

Биографски стрип за Тејлор Свифт

Биографски стрип за Тејлор Свифт

Лос Анџелес, 16 ноември 2023 (МИА) - Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.

Стрипот е дел од серијата „Силата на жените“ (Female Force) на „Тајдалвејв комикс“ (TidalWave Comics) којашто раскажува за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавната индустрија, политиката и други категории.

- Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип! Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративните негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент (Супермен, з.п.)... Но, дури и тој не би можел да го напише (албумот) „1989“, изјави Ерик М. Ескивел, кој е автор на стрипот.

Стрипот ќе излезе на 13 декември и ќе биде достапен со мек и тврд повез како и дигитална верзија.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан