• недела, 30 јуни 2024

Бил Гејтс се вакцинираше против коронавирусот

Бил Гејтс се вакцинираше против коронавирусот
Вашингтон, 22 јануари 2021 (МИА) - Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на Твитер и објави фотографија. Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД кој може да се вакцинира. -Неделава јас ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно, истакна милијардерот. Тој им се заблагодари на научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии заради кои дојдовме до ова, напиша Гејтс Тој не соопштува каква вакцина примил. кб/ https://twitter.com/BillGates/status/1352662770416664577  

Остани поврзан