• петок, 20 декември 2024

Билтен МВР (ДПЛ)

Билтен МВР (ДПЛ)

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Битола, вчера на улица „Караорман“ во Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишиле од слобода  Н.А.(52) од Битола. Тој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

Полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.(28) од село Арачиново, вчера во 22.10 часот на подрачје на Гази Баба, поради пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(20) од Скопје, вчера во 21.55 часот на подрачје на Аеродром, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера на улица „Илинденска“ во Тетово, ги лишиле од слобода А.С.(18), Е.Ј.(18) од Гостивар и Е.С.(19) и С.Ш.(19) од село Врбјане. При нивен и преглед на возилото „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Е.С., била пронајдена и одземена марихуана. Четворицата биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат поднесоци.

Полициски службеници го лишиле од слобода Ф.П.(27) од Скопје, вчера на подрачје на Карпош, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Санкционирани се 1610 возачи на мотоцикли во текот на месец август 2023 година при спроведените сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 339 возачи. Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 158 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, во текот на вчерашната контролите во областа на сообраќајот спроведена од Секторот за внатрешни работи Скопје. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции управување под дејство на алкохол.

Вчера во околу 19.20 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, во близина на село Мамудовци, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ.(56) од с.Стрелци, излетало од патот. Во несреќата, возачот Н.Џ. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Н.Џ.(64) од с.Гарани се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Вчера околу 21.30 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„11 Септември“ во Кичево, патничко моторно возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(37) од Кичево, удрило во пешакот М.С.(57) од Кичево. По несреќата, М.С. била пренесена во Општата болница Кичево каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Вчера околу 10.55 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(65) од с.Ѓермо, удрило во пешакот М.А.(82) од Тетово. По несреќата, М.А бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Вчера во 23.05 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки,  управувано од Л.Љ.(25) од Тетово, удрило во пешакот А.У.(61) од Тетово. По несреќата, А.У. бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

К.М.(28) од Скопје, вчера во Полициската станица Карпош, пријавил дека на кеј од река Вардар во населба Влае во Скопје бил каснат од куче скитник.

 И.Д.(34), вчера во 11.00 часот, во Полициската станица Гази Баба пријавил дека во парк шума Гази Баба во Скопје бил каснат од куче скитник. сан/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан