• сабота, 23 ноември 2024

Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки обезбедија финале

Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки обезбедија финале
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) – Македонската женска тениска репрезентација се пласираше во финалето на групната фаза во третата Евро-африканска зона во „Били Џин Кинг“ купот, откако попладнево триумфираше во дуелот против Косово со 2-0. Македонските тенисерки поведоа со победата на Магдалена Стоилковска над Доника Башота со 6-0, 6-1, додека печат на пласманот во финалето стави Лина Ѓорческа со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-2) против Адријана Лекај. Противник на Македонија во финалето на турнирот што се игра во Скопје ќе биде победникот од дуелот меѓу Република Ирска и Португалија, а поуспешниот во финалната пресметка ќе обезбеди пласман во втората Евро-африканска зона во поранешниот ФЕД куп. ег/aa/

Остани поврзан