• петок, 22 ноември 2024

Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина

Билатерална средба на АВМУ и НКМ во Приштина

Скопје, 22 мај 2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во Приштина, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација.

Претставниците на двете регулаторни тела разговараа за повеќе прашања поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива со европската и спроведувањето на обврските кои произлегуваат од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги. Посебен фокус беше ставен на начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини во период на изборни процеси.

За време на средбата косовскиот регулатор го претстави и системот за мониторинг на програмските содржини емитувани на радијата и телевизиите, и за прием на сигналите на операторите кои реемитуваат програмски сервиси. 

На крајот на сoстанокот беше констатирано дека билатералните односи се од важно значење и дека ваквата пракса ќе продолжи и во иднина.

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: АВМУ 

Остани поврзан