• петок, 05 јули 2024

БИБЛ: ТФТ Скопје триумфираше над лидерот Академик

БИБЛ: ТФТ Скопје триумфираше над лидерот Академик
Пловдив, 8 ноември 2021 (МИА) – Македонскиот претставник во БИБЛ лигата, ТФТ Скопје вечерва му го нанесе првиот пораз на лидерот во групата Б Академик Пловдив, триумфирајќи на гостински терен со 86-81. Првата четвртина беше израмнета, но кон средината на втората, ТФТ го презеде водството и направи шест поени разлика (42:36). Во третиот период од играта македонскиот тим имаше и двоцифрена предност (55:44), за во последните десет минути Академик да направи пресврт и со серија од 10-0 да поведе со (63:60). Сепак, тоа кратко траеше, „црно-белите“ повторно заиграа како во претходниот дел од мечот, брзо направија плус од осум поени (80:72) и успеаја предноста да ја задржат до крајот. Најефикасен во редовите на ТФТ беше Андреј Маслинко кој постигна 18 поени, додека Страхил Николов реализира 15. Кошаркарите и стручниот тим на ТФТ остануваат во Бугарија, каде веќе утре, од 18 часот во Стара Згора, му гостуваат на Берое. ег/ар/

Остани поврзан