• петок, 10 мај 2024

Библиотеката во Кавадарци одбележува 80 години од смртта на патронот ,,Феткин"

Библиотеката во Кавадарци одбележува 80 години од смртта на патронот ,,Феткин

Кавадарци, 19 март 2024 (МИА) - Библиотеката во Кавадарци денеска одбележa 80 години од смртта на патронот, Стефан Хаџи Тефов - Феткин, со свечена академија и историски час со културно - уметничка програма.

По положувањето цвеќе пред бистата на Феткин во Паркот на Револуцијата, беа доделени и награди на автори на најдобрите творби, пристигнати на литературниот конкурс.  

Директорот на библиотеката, Петар Гурев, нагласи дека градот Кавадарци низ историјата и културата, бил предводник во многу нешта, бил расадник за таленти од различни области и давал континуиран придонес во развојот на општеството.

- Наша задача е да да ја почитуваме таа историја и култура, да ја негуваме и да ја пренесеме на идните генерации, нагласи Гурев. 

Според кустос историчарот од Музеј галеријата во Кавадарци, Марија Михова, првото читалиште во овој крај било формирано во средината на 1869 година во кавадаречкото село Ваташа. свд/ар/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан