• понеделник, 23 декември 2024

Бетмен нема да ги убива непријателите

Бетмен нема да ги убива непријателите
Лос Анџелес, 18 ноември 2020 (МИА) - Во новиот филм, Бетмен нема да ги убива своите непријатели. Како што пренесува порталот „We Got This Closed“, таква одлука донел режисерот на наредниот филм за суперхеројот - Мет Ривс. Така, главниот лик во филмот не би учествувал во смртта на други ликови. Режисерот верува оти на овој начин подобро би ги отсликал основните вредности на Бетмен. Главниот лик овојпат го глуми британскиот глумец Роберт Патинсон. И во оригиналните стрипови на „Дигитал комикс“, овој суперхерој им се спротивставува на убиствата и избегнува употреба на оружје. Прикажувањето на новиот филм е закажано за 4 март 2022 година. Во него ќе глумат и Колин Фарел, Пол Дејно, Зои Кравиц, Енди Серкис и други познати глумци. Режисерот на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ - Зек Снајдер лани беше критикуван за убиството на Бетмен во неговиот филм.  си/

Остани поврзан