Овој вкусен оброк е совршен избор за семеен ручек. Комбинацијата од сочно пилешко месо, ароматичен ориз и зеленчук создава хранливо и заситувачко јадење кое лесно се подготвува.
Состојки:
- 1 кг пилешко (исечено на парчиња)
- 100 мл масло
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 лажица сув зачин
- 300 грама ориз
- копар (по вкус)
- сол и бибер (по вкус)
- околу 900 мл вода
Подготовка:
Пилешкото месо исечете го на парчиња и сварете го, потоа зачинете го со сув зачин и сол. Кромидот ситно исечкајте го, а морковот исечкајте го на ситни коцки. Измешајте ги со копарот и сувиот зачин. Додадете го претходно измиениот ориз и добро соединете ја смесата. Смесата од ориз и зеленчук додадете ја во намастена длабока тава и прелијте со водата што се вареше пилешкото. Одозгора распоредете ги парчињата пилешко, па ставете ја тавата во загреана рерна и печете додека течноста не испари од оризот и целосно не омекне, а пилешкото благо да зарумени.
Послужете го јадењето топло, во тањир, со додаток на обарена брокула.
Фото: Фрипик