• вторник, 10 март 2026

Бесплатно психолошко советувалиште за граѓаните на Охрид

Бесплатно психолошко советувалиште за граѓаните на Охрид

Охрид, 10 март 2026 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид во рамки на своите здравствено-превентивни активности почнува со бесплатно психолошко советување за граѓаните.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвениот крст -  Охрид, секој петок во периодот од 9 до 12 часот, со претходно закажување.

Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Советувањето ќе го реализира Гешталт советничката Мерсиха Исмајлоска. Инаку, Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент...  

Бесплатното психолошко советување охридскиот Црвен крст го реализира во Центарот за личен развој, едукација и психотерапија „Анима“. аб/вј/

Фото: Плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан