Бесплатен јавен WI-FI во паркот „Јане Сандански“
- Аеродром е една од 500-те општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет-врска.
Аеродром е една од 500-те општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Со оваа поддршка Општина Аеродром продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница, се наведува во соопштението од Општината.
WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope#ОпштинаАеродром ев/вј/
ФОТО: Општина Аеродром