• понеделник, 04 ноември 2024

Бесими: Со заштеди и прераспределби во Буџетот обезбедени 61 милион евра за справување со енергетската и ценовната криза

Бесими: Со заштеди и прераспределби во Буџетот обезбедени 61 милион евра за справување со енергетската и ценовната криза
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Со заштеди во Буџетот и прераспределби помеѓу буџетските корисници обезбедивме дополнителни 3,75 милијарди денари (61 милион евра) за да се справиме со енергетската криза, односно средства за ЕСМ, за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, што беше изгласана денеска во Собранието, се прераспределуваат вкупно 5,15 милијарди денари, обезбедени по основ на заштеди на ставки што не се приоритетни и каде има помала реализација од планираната, како и од средства што не се реализирани во програми согласно механизмот КАПЕФ. - Целта на прераспределбата е да се одговори на предизвиците од актуелната енергетска и ценовна криза. Затоа и најголемиот дел од прераспределните средства  3,75 милијарди денари се насочени во програмата за мерки за справување со Ковид 19 и други антикризни мерки, односно тие ќе бидат насочени кон ЕСМ за производство на електрична енергија од домашнтие капацитети, со што се овозможува пониска цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата и околу 70 илјади компании, како и средства за нови антикризни мерки,  објансува министерот за финансии, пренесува МФ. Со Одлуката се обезбедуваат дополнители средства и за општините, за проекти во животната средина и слично. Дополнителни 291 милион денари се обезбедуваат средства за општините преку дотации од ДДВ односно локалните самоуправи ќе добијат дополнителни 0,5 проценти од наплатениот ДДВ во претходната година. Средствата, согласно последните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, се подвлекува во сооптшението, ќе се  распределат во два нови дополнителни дела, 0,25 проценти за дел за перформанси 0,25 проценти за дел за воедначување,  односно средства за подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините. Исто така, се обезбедуваат 2,25 милиони  денари за подобрување на условите во казнено-поправните установи, 200 милиони денари во ТИР-зоните за поддршка на инвестициски вложувња и за градежни активности, во повеќе потпораграми се обезбедуваат дополнителни средства за заштита на животната средина, како и 60 милиони денари за мерки за контрола и искоренување на болеста африканска чума кај свињите. - Обезбедени се и 20 милиони денари средства и за заштита на Дојранското Езеро, односно потребните средства за електрична енергија за непречено функционирање на хидросистемот на Дојранското Езеро. Средствата се обезбедени со заштедите, меѓу другото, преку кратење на непродуктивни трошења кај повеќе буџетски корисници, како што се кратење на  договорни услуги, купување возила, мебел, патни трошоци и слично, соопштија од Министерството за финансии. Наведуваат дека ова е само контиунитет во она што се презема од страна на Владата од почетокот на оваа криза и се носат одлуките врз основа на длабински анализи на состојбите и согласно укажаните потреби. Со Ребалансот на Буџетот за 2022 година, потсетуваат од МФ, беа обезбедени 4,7 милијарди денари за енергетската криза, сега со оваа Одлука се обезбедуваат дополнителни 3,75 милијарди денари кои ќе се искористат за да се одговори на предизвиците од енергетската и ценовна криза, за да може да се излезе од кризата со најмалку последици. цр/лв/

Остани поврзан