• петок, 05 декември 2025

Бесент: Санкциите кон Русија ќе бидат клучен адут на Трамп во преговорите со Путин

Бесент: Санкциите кон Русија ќе бидат клучен адут на Трамп во преговорите со Путин

Вашингтон, 13 август 2025 (МИА) – Претседателот на САД Доналд Трамп ќе ја искористи темата за санкциите како преговарачка алатка на претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент.

- Санкциите може да се засилат, може да се ублажат и може да имаат временски ограничувања. Сите опции се на маса, рече Бесент за телевизијата „Блумберг“.

Тој додаде дека е важно и европските сојузници да бидат вклучени во спроведувањето на санкциите, за да се зголеми преговарачката моќ на Западот.

Средбата меѓу Трамп и Путин в петок ќе биде првиот американско-руски самит од 2021 година и ќе биде посветена на можностите за завршување на војната во Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан