• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бесент: Кина си зададе автогол со економската политика

Бесент: Кина си зададе автогол со економската политика

Вашингтон, 9 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесент ја коментираше одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги зголеми царините на кинеската стока на 125 отсто, нагласувајќи дека не станува збор за напад врз Кина, туку за одговор на нејзината ескалација.

Според Бесент, по минатонеделното американско најавување на „царинскиот ѕид“, дел од кинеската стока веќе почнала да го преплавува европскиот пазар.

- Како што претседателот со години зборува, кинеската економија е најнеправедната во модерната историја. Нивната политика не им штети само на САД, туку и на целиот свет, изјави Бесент.

Тој додаде дека, и покрај сè повисоките царини од двете страни, ова не би го нарекол трговска војна. - Не, ова не е трговска војна. Ова е одговор на кинеската ескалација. Претседателот Трамп реагираше одлучно, а сега работиме на решение заедно со нашите партнери во регионот, рече американскиот министер.

Бесент истакна дека се водат преговори со повеќе земји, меѓу кои Јапонија, Јужна Кореја, Индија и Виетнам. На крајот заклучи: Со овие потези, Кина всушност си нанесе штета на самата себе – тоа е чист автогол. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан