• сабота, 06 декември 2025

Берово го чествува ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски

Берово го чествува ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски

Делчево, 30 април 2025 (МИА) - Берово одбележува 220 години од раѓањето на големиот малешевски војвода Иљо Марков Малешевски. По тој повод пред неговата биста во Општинското основно училиште кое го носи неговото име беше положено свежо цвеќе, од страна на претставници на Општината, Советот и деветолетката Дедо Иљо Малешевски. 

-Пред спомен плочата на големиот македонски ајдутин и револуционер  Дедо Иљо Малешевски , во училишниот двор, започна свечената церемонија. Положувајќи  цвеќе и поклонувајќи се пред неговата плоча, заедно со неколку делегации, уште еднаш  го потврдуваме заветот, што ни го оставија нашите предци, сами да одлучуваме за нашата иднина, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој положи цвеќе заедно со претседателот на Советот, Петар Ружински и директорката на училиштето Наташа Аврамска.

На наградените ученици по распишаниот литературен конкурс, на тема ,,Војводо, во срце те носиме",  директорката им додели награди. Прва награда освои ученичката Јована Каламадевска, втора награда Анастасија Распашковска, додека третата награда и припадна на Анџелина Беџовска.

Беше изведена и програма која ја подготвија учениците, заедно со своите наставници.

Дедо Иљо Марков Малешевски е запишан во македонската историја како  легенда, а неговата храброст и јуначки дела се испеани во многу народни песни. вс/са/

Фото: МИА

Остани поврзан