• понеделник, 23 декември 2024

Берлин: Пропусти на ЕУ го спречија враќањето на осомничениот терорист од Солинген во Бугарија

Берлин: Пропусти на ЕУ го спречија враќањето на осомничениот терорист од Солинген во Бугарија

Берлин, 29 август 2024 (МИА) - Пропустите во процедурите за миграција на ЕУ се виновни за неможноста на Германија да го депортира 26-годишниот сириски маж, осомничен за извршување на смртоносниот терористички напад во западниот град Солинген минатиот викенд, изјави денеска .Џозефина Пол, министерка за бегалци во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Taa сведочеше пред специјален заеднички комитет на државните пратеници кои го истражуваат смртоносниот напад. Оваа покраина, најнаселената во Германија, го вклучува Солинген.

Политичарката од Зелените ги критикуваше комплицираните правила за пренесување на мигранти во ЕУ и целосното одбивање на некои земји од ЕУ да ги прифатат назад азилантите од германските власти.

Правилата на ЕУ налагаат странските азиланти да ги процесираат своите барања во првата земја на ЕУ во која ќе пристигнат. Сепак, многу мигранти нелегално продолжуваат кон Германија и други побогати земји на ЕУ.

ЕУ договорот познат како Даблинска регулатива повикува тие мигранти да бидат вратени во земјата каде што првпат биле регистрирани нивните азилантски барања. Но, овој систем е оптоварен со проблеми.

Само околу 10 до 15 отсто од обидите на Германија да испрати мигранти во други земји на ЕУ биле успешни, посочува ДПА.

Осомничениот напаѓач од Солинген, идентификуван како Иса ал-Х, пристигнал во Германија во 2022 година преку Бугарија, и требало да биде вратен во Бугарија според Даблинските правила.

Германските власти не можеле да го најдат Иса ал-Х на денот на неговата планирана депортација во јуни 2023 година.

Пол денеска сведочеше дека немањето доволно седишта на летовите за депортација значело дека властите можеле да резервираат нов лет за депортација во Бугарија за ова лице дури по истекот на рокот од шест месеци за трансферот.

Таа ги осуди, како што ги нарече, „нефункционалните постапки“ и повика на опсежна реформа.

Пратениците од централно-левичарските Социјалдемократи (СПД), сепак, ја обвинија Пол за неуспех во нејзините одговорности - и за „исчезнување од јавноста со денови“ по нападот во Солинген. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан