• вторник, 02 јули 2024

Берлинале избира нов директор

Берлинале избира нов директор

Берлин, 20 септември 2023 (МИА) - Германската министерка за култура, Клаудија Рот очекува до крајот на оваа година да се донесе одлука за нов директор на Берлинале, кој ќе ги замени Мариет Ризенбек и Карло Чатријан, објави електронското издание „Скрин дејли“.

- Процедурата добро напредува за да можеме оваа година да претставиме нова личност, да постигнеме добро Берлинале 2024 и да вложиме максимални напори Берлинале да продолжи да биде фестивал на брилијантност и со меѓународно значење во иднина, изјави Рот за ДПА.

Таа објасни дека по разговорите со претставниците на филмската индустрија, компанијата КББ, којашто го организира Берлиналето, каде што „одговорноста за креативните и економските области се во исти раце“, гласала за промена на раководството на овој меѓународен филмски фестивал.

Според неа, Берлинале треба да биде на исто рамниште со Кан, Венеција и Торонто.

Во меѓувреме, отвореното писмо коешто повикува на продолжување на мандатот на Карло Чатријан како креативен директор на Берлинале веќе собра триста потписи, вклучително и на значајни претставници на меѓународната филмска заедница, како Мартин Скорсезе, Тилда Свинтон, Пол Шрадер, Мари Кројцер.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан