• вторник, 19 ноември 2024

Берзата го продолжи бесплатното користење на „eTrader“ за инвеститорите

Берзата го продолжи бесплатното користење  на „eTrader“ за инвеститорите
Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) - Одборот на директори одлучи продуктот на Македонската берза за електронско тргување преку интернет „eTrader“ - што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и им овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи бесплатно и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30 септември оваа година. Како што информираат денеска од Македонската берза, надоместокот за користење на овој продукт нема да се наплатува до крајот на септември оваа година. -И во оваа прилика, апелираме до сите инвеститори во хартии од вредност што помасовно да ги користат електронските налози за тргување со хартии од вредност, а членките на Берзата што повеќе да го популаризираат продуктот eTrader во настанатите околности, предизвикани од вирусот КОВИД-19, соопшти Македонската берза. За подетални информации околу користење на eTrader, како што се наведува во соопштение, инвеститорите треба да се обратат кај својот брокер.бт/са/

Остани поврзан