• петок, 22 ноември 2024

Бендот на американски воздухопловни сили ја изведе химната на НАТО во чест на нашето членство

Бендот на американски воздухопловни сили ја изведе химната на НАТО во чест на нашето членство
Скопје, 4 април 2020 (МИА) - Бендот на американските воздухопловни сили во Европа, во чест на членството на Северна Македонија во НАТО, како и Денот на Алијансата - 4 Април, во базата Рамстајн во Германија ја изведе химната на НАТО, во нивен аранжман, соопшти денеска Министерството за одбрана. -Дел од нашата единица требаше овој викенд да биде во Скопје, но заради пандемијата со КОВИД – 19, настанот е откажан. Но, ние сакавме да го одбележиме Денот на НАТО и членството на Северна Македонија во Алијансата. Добредојдовте во НАТО!, истакнала командантката на овој бенд, Кристина Мор Уритиа. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил денеска напиша дека прославата на Денот на НАТО, со гостување на воените оркестри на САД и Словенија, е одложена за подобри времиња. -Денот на НАТО планиравме да го прославиме со гостување на воените оркестри на САД и Словенија. Поради кризата предизвикана од корона вирусот, тоа го одложивме за подобри времиња. Но, еве ја музичката честитка од далечина, во чест на нашето членство, напиша министерката Шекеринска на фејсбук.бт/скс/

Остани поврзан