• петок, 22 ноември 2024

Белорусија формира комисија која ќе го истражува случајот со авионот на Рајанер

Белорусија формира комисија која ќе го истражува случајот со авионот на Рајанер
Минск, 24 мај 2021 (МИА)  - Министерството за транспорт на Белорусија формира комисија која ќе го испита случајот со принудното слетување на авион на Рајанер во Минск. Белоруските власти соопштија дека е покрената истрага поради лажна дојава дека во авионот е поставен експлозив. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко вчера нареси авионот на Рајанер, што сообраќаше од Атина за Вилнус да биде придружуван од воен авион. По слетувањето во Минск, беше уапсен опозицискиот новинар Роман Проташевич, што наиде на осуда од меѓународната заедница и се бара негово ослободување. Проташевич е еден од основачите на Телеграм каналот НЕКСТА, што беше еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија. Тој од белоруските власти е обвинет за организација на масовни нереди и е означен како терорист, поради што се соочува со долгогодишна казна затвор. Проташевич од 2019 година се наоѓа во егзил во Полска. Тој во Атина беше дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот. ми/

Остани поврзан