• понеделник, 18 ноември 2024

Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Белорусија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Талин, 5 април 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата држава ќе го прекине учеството во, како што наведе, спорниот Договор за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), кој некогаш беше темел на безбедноста на континентот.

Лукашенко пред Парламентот, во кој неговата партија има мнозинство, претстави нацрт-закон за суспензија од договорот.

Договорот, потпишан во 1990 година, поставува ограничувања за тенкови, борбени возила, воени авиони и тешка артилерија што можат да бидат распоредени во Европа.

Договорот беше насочен кон одржување воена рамнотежа меѓу Западот и земјите кои некогаш беа дел од Варшавскиот пакт. Сепак, Русија целосно се повлече од договорот во 2023 година, а членките на НАТО одговорија така што и тие го суспендираа нивното учество. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан