• сабота, 23 ноември 2024

Белингем прогласен за фудбалер на сезоната во Ла Лига

Белингем прогласен за фудбалер на сезоната во Ла Лига

Мадрид, 28 мај 2024 (МИА) - Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, беше избран за најдобар играч во Примера за изминатата сезона. Англискиот интернационалец учествуваше на вкупно 28 натпревари за кралскиот клуб, на кои постигна 19 голови и имаше 6 асистенции.

Интересно, минатата година Белингем ја доби наградата за најдобар играч во Бундеслигата, а сега истата награда ја заслужи и во својата дебитантска сезона во Шпанија.

-Оваа награда ја посветувам на моите соиграчи и стручниот штаб бидејќи нивната поддршка и верба во мене многу ми помогна, изјави Белингем.

Во сите натпреварувања Англичанецот забележа 41 натпревар, со 23 гола и 12 погодоци. Неговиот договор со Реал е до 2029 година.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд се избори со конкуренцијата од другите номинирани за престижната награда - Винисиус Јуниор, Такефуса Кубо, Артјом Довбик, Алејш Гарсија, Роберт Левандовски, Антоан Гризман, Иско, Киријан Родригез и Александар Сеорлот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан