• петок, 22 ноември 2024

Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија: Силно сме посветени на инвестиции во енергетскиот сектор

Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија: Силно сме посветени на инвестиции во енергетскиот сектор
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Се работи на изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас со соседните земји, како и создавање на услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, истакнал министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема „Енергија и животна средина“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија што денеска се одржува во Вашингтон. Министерот потенцирал дека се посветени на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија. Како што информираат од Министерството, Бектеши ги презентирал активностите кои се во тек во Република Северна Македонија, односно инвестициите во делот на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како што се хидроцентрали и фотовлотаични централи, мерки за декарбонизација во рамки на Националниот план за енергија и клима и мерките за развој на пазарот на електрична енергија. -До крајот на годината е предвидено да започне изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција, и преку јавни повици за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште ќе се потикнат инвестиции во обновливи извори на енергија, вели министерот Бектеши. Сајбер безбедноста е нов поттик за Северна Македонија за што министерот потенцирал дека во план е најпрво да се воспостави правна рамка за безбедност на мрежни информациски системи во енергетиката, одобено на критичната инфраструктура на енергетиката со што ќе се транспонира соодветната европска директива. Двете страни истакнале дека постои посветеност за јакнење на партнерството за соработка во енергетскиот дел, со посебен акцент на темите кои се разговараа во рамките на Стретшкиот дијалог и заложбите кои што произлегуваат од Парискиот договор за постепено укинување на јагленот до 2030 година, што произлегува од Националната стратегија за развој на енергетиката на Севрна Македонија до 2040 година и препораките на Министерскиот совет на енергетската заедница за подготвување на Интегриран национален план за енергија и клима.свс/са/

Остани поврзан