• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бектеши апелира пратениците да го донесат законот што ќе овозможи поевтинување на хигиенските влошки

Бектеши апелира пратениците да го донесат законот што ќе овозможи поевтинување на хигиенските влошки

Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Ако собраниската Комисија за финансирање и буџет го блокира законот со кој треба да се намали цената на хигиенските влошки, донесена ќе биде времена мерка, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Законоското решение за хигиенските влошки е во Собрание. Ги повикувам пратениците да го усвојат. Тоа ќе се направи со закон, директно. Министерството за економија е подготвено, ако случајно има недоразбирање во Собранието и се блокира законското решение во Комисијата за финансирање и буџет, да донесе времена мерка, но, сепак, сакаме трајно решение, истакна министерот. мч/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан