Без вода улици во општина Кисела Вода
- Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Без вода за пиење во моментов се дел од две улици во општина Кисела Вода, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија, станува збор за улиците „Христо Татарчев“ и „Марко Орешковиќ“, а причината била уличен дефект.
Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива