• сабота, 27 јули 2024

Без вода неколку скопски улици

Без вода неколку скопски улици

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Без вода денеска од 14:45 часот се корисниците од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Ромен Ролан“, „Скендер Бег-Кастриоти“, „Дреновска Клисура“ и Димитар Гуштанов.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект на шибер ф 200 мм на ул.„Скендер Бег-Кастриоти“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.фф/са/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан