• понеделник, 28 октомври 2024

Без вода дел од улицата „Кавалска“

Без вода дел од улицата „Кавалска“

Скопје, 27 октомври 2024 (МИА) - Поради уличен дефект на водоводна цевка денеска од 09 часот без снабдување со вода се дел од жителите на улицата „Кавалска“. 

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека се работи за дефект на цевка Ф 80мм. на улицата Кавалска на раскрсницата со улицата Благоја Гојан. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан