Без вода дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“
- Без вода денеска од 15:40 часот се дел од жителите од општина Кисела Вода, лоцирани на улица „Христо Татарчев“ од бр.99 до бр.123.
Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 15:40 часот се дел од жителите од општина Кисела Вода, лоцирани на улица „Христо Татарчев“ од бр.99 до бр.123.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект ф-100 милиметри на улица „Христо Татарчев“ бр.101.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/лв/
фото: МИА архива