Без вода дел од Добри Дол
- Засегнатите ќе немаат вода сѐ до завршување на работните активности.
![Без вода дел од Добри Дол](https://new.mia.mk/images/20231110090217_big_730x400_16.webp )
Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Поради водоводен приклучок на улицата „5“ без број во селото Добри Дол, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Засегнатите ќе немаат вода сѐ до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива