• петок, 05 декември 2025

Без активно жариште пожарот во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Без активно жариште пожарот во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

Атина, 26 јуни 2025 (МИА) – Без активно жариште вечерва е пожарот што го зафати југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, а остави зад себе материјална штета и изгорени куќи, јави дописничката на МИА од Атина.

Над 130 пожарникари со возила, пешадиски тимови и волонтери од 13 часот водеа битка со огнените јазици и успеаја пожарот да го стават под контрола големиот пожар, додека пак од воздух сè до заоѓањето на сонцето интервенираа 12 авиони и 12 хеликоптери од кои два за координација.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени три пораки преку кои беше побарано до сите оние кои се во близина, да се оддалечат од пожарот, додека пак грчката полиција во 40 случаи интервенирале за евакуација на граѓани.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис попладнево посочи дека процената на штетите ќе се изврши откако ќе биде изгаснат пожарот.

Неофицијално, околу десетина куќи претрпеа сериозна материјална штета.

Според Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео пожарот е „видлив“ и од геостационарниот сателит Метеосат-12, при што чадот стигнал на далечина од околу 180 километри југозападно и се наоѓа над морската област кај островот Китира. ср/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан