• сабота, 06 декември 2025

Безбедна за пиење е водата во Скопје

Безбедна за пиење е водата во Скопје

Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Безбедна за пиење е водата во Скопје, покажува најновиот неделен лабораториски извештај за нејзините квалитет и безбедност.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје во денешното соопштение потсетува дека со цел подобра информираност на граѓаните на градот, се споделува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 до 15 август зема 222 примероци за физичко-хемиска и 222 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се појаснува во соопштението на претпријатието. бд/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан