• среда, 02 октомври 2024

Бегај со честитка до Руте: Со него Алијансата ќе биде силна, обединета и сеопфатна

Бегај со честитка до Руте: Со него Алијансата ќе биде силна, обединета и сеопфатна

Тирана, 1 октомври 2024 (МИА) – Албанскиот претседател Бајрам Бегај, на Марк Руте му честиташе именување за генерален секретар на НАТО, изразувајќи уверување дека „под негово водство, Алијансата ќе биде силна, обединета и сеопфатна“.

- Многу честитки до Марк Руте, генерален секретар на НАТО! Сигурен сум дека под негово водство НАТО ќе биде сеопфатен, обединет, силен, стои во честитката, објавена на платформата Х.

Изборот на Руте му го честиташе и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, кој во објава на социјалната мрежа „Х“ напиша дека лидерството на Руте ќе биде од „суштинско значење за понатамошно зајакнување на Алијансата“, притоа нагласувајќи дека ова е клучно време за трансатлантско единство.

- Честитки до Марк Руте за преземањето на улогата на генерален секретар на НАТО. Вашето лидерство ќе биде суштинско за понатамошно зајакнување на нашата Алијанса во клучно време за трансатлантско единство, пишува Хасани.

Марк Руте денеска официјално ја презеде функцијата шеф на НАТО од неговиот претходник Јенс Столтенберг. вт/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан