• среда, 18 декември 2024

Бебето, честопати, подобро спие со родителите

Бебето, честопати, подобро спие со родителите

Скопје, 17 октомври 2024 (МИА) - Пред доаѓањето на новиот член во семејството, родителите често посветуваат големо внимание на изборот на креветчиња, лулки и други придружни предмети за спиење. Меѓутоа, честопати, бебето завршува во креветот на родителите, каде што, речиси секогаш, подобро се спие.

Меѓу од клучните фактори за подобар сон на бебињата покрај своите родители, е и „контактот со кожа“. Оваа блискост помага и да се регулира температурата на телото и нивото на кислород, што може значително да го намали будењето и непријатноста кај новороденчињата. Физичката блискост помеѓу родителот и бебето обезбедува чувство на безбедност, сигурност и удобност.

Но, иако многу родители инстинктивно избираат заедничко спиење, важно е да се нагласи дека внимателноста мора да биде на прво место. Стручњаците, имено, не се против спиење со бебето, но нагласуваат да се внимава на гушење и други опасности.

Така, се препорачува, пред сѐ - бебето секогаш треба да спие на грб.

Други совети: Најбезбедно место за спиење е лулка или креветче коешто се става во истата просторија каде што спиете; Отстранете ги сите меки предмети, како играчки, перници и навлаки од креветчето; Никогаш не го оставајте малечкото на кревет за седење, кауч или фотеља.

Овие упатства ја намалуваат опасноста од несакани и немили последици, па така и обезбедуваат помирен сон за целото семејство. Заедничкото спиење може да биде прекрасно искуство што ја зајакнува врската меѓу родителот и детето, но секогаш со јасно разбирање на безбедносните правила и граници.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан