• понеделник, 04 ноември 2024

Бајден ја продолжи програмата за помош на малите бизниси во САД 

Бајден ја продолжи програмата за помош на малите бизниси во САД 

Вашингтон, 30 март 2021 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден денеска потпиша закон со кој се продолжува програмата за кредити за малите бизниси и поддршка за платите на вработените. 

Законот беше со рок на траење до среда, и сега е продолжен до 30 јуни.  

Претседателот, седнат на работната маса во својот кабинет истакна дека законот е „двопартиска придобивка“ и ги пофали законодоавците од двете партии. Изјави дека 90.000 бизниси чекаат во ред за оваа програма.  

На церемонијата на потпишување присуствуваа и потпретседателот Камала Харис и Изабела Гузман, раководител на администрацијата за мал бизнис. 

Моментално фоксурани на програмите за помош во време на коронавирусот, администрацијата и Бајден утре планира да ја престави и агендата за економски бум во САД. Се работи за голем пакет мерки за модернизација на инфраструктурата на САД и нови работни места во висина од 2.25 трилиона долари, што се очекува да биде камен темелник на неговата економска агенда. кб/ сд/

Остани поврзан