• недела, 22 декември 2024

Бајден ја објави даночната пријава

Бајден ја објави даночната пријава

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава - традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп.

Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори.

Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 година, од кои повеќето потекнуваат од годишната плата на претседателот од 400.000 долари и годишната плата од 85.985 долари на неговата сопруга Џил Бајден, која работи како учителка во државата Вирџинија.

Бајденови минатата година заработија повеќе пари отколку во 2022 година (580.000 долари) и во 2021 година (610.000 долари).

„Претседателот Бајден верува дека сите претседатели треба да бидат отворени и искрени со американскиот народ“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Поранешниот претседател Доналд Трамп не ги објави своите даночни пријави во периодот на неговата администрација од 2017 до 2021 година. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан