• петок, 22 ноември 2024

Бајден: Убиството на Ханија не е од помош за прекинот на огнот

Бајден: Убиството на Ханија не е од помош за прекинот на огнот

Вашингтон, 2 август 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ноќеска изјави дека убиството на лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија, не е од помош за примирјето во војната во Газа.

Бајден изјави дека претходно вчера имал директен разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Коментарот тој го даде во воената база Ендрјус во Мериленд, каде што доцна синоќа слета авионот со ослободените затвореници од Русија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан