• петок, 20 декември 2024

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

Вашингтон, 6 мај 2024 (МИА) - Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“. рп/

Фото: ДПА

Остани поврзан