• понеделник, 23 декември 2024

Бајден положи цвеќе на гробиштата во Арлингтон на Ден на сеќавањето  

Бајден положи цвеќе на гробиштата во Арлингтон на Ден на сеќавањето  

Вашингтон 30 мај 2022 (МИА) - Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска положи венец со цвеќе на гробот на незнајниот јунак на воените гробишта во Арлингтон, одбележувајќи го Денот на сеќавањето. 

Ден на сеќавањето (Memorial Day) е важен настан во САД и се одбележува во последниот понеделник од мај, а во во чест на загинатите војници во сите војни на Америка. 

-Болката е огромна. Но како и за сите останати, така и за мене и за Џил, болката е завиткана во сознанието дека вашите блиски биле дел од нешто поголемо, поголемо од сите нас, рече Бајден во говор пред семејствата на Златните ѕвезди (Gold Star families) во амфитеатарот на гробиштата. 

На настанот присуствуваа и потпретседателката Камала Харис и министерот за одбрана Лојд Остин. 

Според традицијата, Белата куќа утринава организираше појадок за семејствата на Златните ѕвезди – сопрузи или сопруги, деца, родители, браќа и сестри на мажите и жените кои загинале за време на служба во американската армија.

Денеска, по пауза од две години на улиците на главниот град се оддржува и парадата во чест на Денот на сеќавањето. 

Многу Американци го одбележуваат овој ден со посета на воените споменици или со посета на гробиштата и со положување цвеќе на гробовите на војниците. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан