• четврток, 18 јули 2024

Бајден планира да отпатува во Франција на одбележувањето на Денот Д

Бајден планира да отпатува во Франција на одбележувањето на Денот Д

Вашингтон, 30 мај 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден планира да отпатува во Франција на почетокот на јуни за да учествува на церемониите по повод одбележувањето на истоварувањето на сојузниците во Нормандија на крајот на Втората светска војна.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер ги објави плановите за патување на Бајден, но не даде детали. Денот Д го означи почетокот на ослободувањето на Европа од нацистичка Германија.

Во спомен на таа операција, на брегот на Нормандија на 6 јуни е планирана меѓународна комеморација со лидери од целиот свет. Пред пет години, на 75-годишнината од Денот Д, на церемонијата присуствуваше и претходникот на Бајден, Доналд Трамп. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан