• понеделник, 20 мај 2024

Бајден не планира да се сретне со новоизбраниот ирански претседател Раиси

Бајден не планира да се сретне со новоизбраниот ирански претседател Раиси
Вашингтон 21 јуни 2021 (МИА) - Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден во моментот не планира да се сретне со новоизбраниот претседтаел на Иран, Ебрахим Раиси. Претходно, Раиси претставувајќи ги приоритетите на Иран, истакна дека не сака да се сретне со Бајден. - Има мали промени во Иран, бидејќи врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги носи одлуките во Техеран. Во моментот немаме никакви дипломатски односи со Иран ниту какви било планови за средба на лидерско ниво, посочи портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. ми/

Остани поврзан